Достапни линкови

ДИК: Увид во избирачкиот список од 21 август до 9 септември


Седница на Државната изборна комисија (ДИК)

Државната изборна комисија денеска со девет гласа „за“ и ниту еден против го усвои Роковникот за извршување изборни дејствија.

Кампањата почнува на 25 септември.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, изјави дека за изборите на 15 октомври ќе се бараат дополнителни податоци од МВР и од Министерството за информатичко општество и администрација.

„Првите дејствија кои ДИК ќе ги преземе денеска е доставување барање до МВР за добивање податоци заради креирање на избирачкиот список и доставување барање до МИОА за добивање податоци за вработените во државната и општинската администрација , администрацијата на град Скопје и јавната администрација, систематизирани по општини, според адресата на местото на живеење“, рече Чичаковски .

Според усвоениот Роковник, јавниот увид во избирачкиот список ќе трае од 21августдо 9-ти септември. Рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници е од 21август до 4 септември, а политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември.

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври годинава, а вториот круг би се одржал на 29 октомври.

XS
SM
MD
LG