Достапни линкови

Јавна расправа за нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци


Транзитниот центар за мигранти во Табановце.

Во Собраниската Комисија за труд и социјална политика продолжи јавната расправа за предлог нацртите на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци и на Националниот акциски план за интеграција на бегалци за 2017/2027 година.

Директорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов истакна дека досега Македонија успешно се справувала со мигрантската криза, поради принципот прифаќање на мигрантите, транзит и нивен излез.

Пренесувајќи ги искуствата на партнерските служби на Агенцијата за разузнавање во останатите држави тој посочи дека интеграцијата на мигрантите не поминува без сериозни безбедносни закани и ризици. Како предизвик ги потенцираше културолошките разлики, можностите за создавање услови зе гетоизација, ризиците од тероризам.

"Безбедносниот систем на Македонија е во фаза на носење стратегија за превенција и борба против радикализација и насилен екстремизам и прифатот на мигрантите би претставувало слаба точка и можност за зголемени ризици од разни религиски и екстремни идеологии. Потребното идно подобрување на соработката со службите од регионот ќе помогне да се обезбедат повеќе релевантни информации и носителите на одлуки соодветно да го креираат системот на работа, " изјави Иванов.

Тој дополни дека 8.000 од лицата што транзитирале низ Македонија во изминатите две години биле со фалсификувани документи.

"Имаме сериозен предизвик и од внесување нетипични болести и вируси што овие луѓе ги носат со себе од регионите од каде доаѓаат," рече Иванов.

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата рече дека поради тоа што на расправата не присуствуваа премиерот Зоран Заев и ресорната министерка Мила Царовска јавноста и натаму ќе остане без одговор на прашањата за трошоците од примената на стратегијата, последиците за државата и сместувачките капацитети.

XS
SM
MD
LG