Достапни линкови

Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори


Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за распишување на локалните избори.

Откако напладне го потпиша решението за распишување на изборите, кои треба да се одржат на 15 октомври, Џафери изјави дека решението ќе го достави до ДИК.

„Апелирам со сите учесници во изборниот процес да се однесуваат во согласност со Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат денот на изборитеда протече во мирна, демократскаи фер атмосфера, како што заслужуваат граѓаните“, рече Џафери

Кампањата почнува 20 дена пред изборите, а Собранието во тој период ќе работи, но нема да има пленарни седници, вели претседателот на Собранието, за како што додава, седниците да не се претворат во изборна кампања.

XS
SM
MD
LG