Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна одлука на Апелациониот суд за прифаќање на „бомбите“ како доказ


Архивска фотографија: Антонио Милошоски

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција реагираше на одлуката на Апелациониот суд Скопје да ги прифати нелегално прислушуваните разговори за „шамарите за Жерновски“ како доказ и нагласи дека таа е скандалозна.

„Сакаме да реагираме на скандалозната одлука на Апелациониот суд којшто потклекна на политичкиот притисок на СДС и медиумите блиски до СЈО. Судот не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на закон и никако поинаку“, потенцира Милошоски.

Тој праша зошто се случува ова потклекнување на Апелациониот суд и зошто во одлуката не се објавени содржината и имињата на судиите.

„Судиите кои ставиле потпис на ваква одлука многу добро го знаат членот 12 став 2 од Законот за кривична постапка. Нелегално стекнати материјали ниту можеле ниту можат да служат како докази во било која постапка. Кои се целите на СДС на СЈО и на нивните блиски поддржувачи“, праша Милошоски.

Апелациониот суд Скопје ги прифати нелегално прислушуваните разговори како докази во случајот за „шамарите за Жерновски“ и насилствата во Општина Центар. Основниот суд Скопје 1 ги отфрли прислушуваните разговори како доказ, но СЈО се жалеше пред скопска апелација, која им ја уважи жалбата.

Во денешното соопштение од Апелациониот суд Скопје се наведува дека „доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка.

Пред две години, тогаш опозицискиот СДСМ објави телефонски разговор на кој, како што рекоа, се слуша како тогашниот премиер Никола Груевски нарачува некој да му „врзе три-четири шамари“ на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

XS
SM
MD
LG