Достапни линкови

Во Подгорица не се разговарало за промена на името


портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски

„На самитот на Јадранската група во Подгорица во ниту еден момент не е разговарано за промена на името на Република Македонија“, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Тој, како што пренесува агенцијата МИА, додал дека Владата на Република Македонија ги отфрла како целосно невистинити и неточни информациите објавени на рускиот интернет портал „Спутник“ кои подоцна се преземени и објавени на повеќе регионални српски интернет медиуми. „Спутник“ јави дека премиерот Зоран Заев во средата во Подгорица се договорил со потпретседателот на САД Мајк Пенс за ново име на Македонија со цел побрзо да влезе во НАТО. Наводно Пенс го информирал Заев дека Грција била согласна со понуденото решение за името, а Заев од Пенс побарал помош, бидејќи граѓаните на Македонија, како што јавува „Спутник“, биле против промената на името на државата.

XS
SM
MD
LG