Достапни линкови

Големи пожари на Балканот


Авион гасне пожар во Црна Гора.

Во Црна Гора на подрачјето на Националниот парк „Проклетие“ и понатаму се активни пожари, чие гаснење е отежнато поради непристапен терен. Според државната телевизија РТЦГ, пожарите кои беснеат од вчера ги зафатиле Хрид и Рибљак.

Се уште е активен и пожарот на планината Динара, на границата меѓу БиХ и Хрватска, а огнетата линија што е долга повеќе од четири километри претставува закана за шумата, Покрај тој пожар, во Херцег-босанската жупанија активен е пожар и на подрачјето на општина Босанско Грахово. Пожар има и во општината Гламоч.

Во Грција властите евакуираат две општини јужно од Атина поради голем шумски пожар. Огнот во областа Лагониси го гаснат повеќе од 40 пожарникари со 20 возила и два хеликоптера. Локалните медиуми јавуваат за полесно повредени тројца пожарникари.

Албанија се наоѓа во критична ситуација поради пожарите од големи размери, кои беснеат на нејзина територија.

XS
SM
MD
LG