Достапни линкови

НАТО: Договорот меѓу Македонија и Бугарија ќе придонесе за безбедноста


Заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемeлер.

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемeлер изјави денеска дека Алијансата го поздравува Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што вчераго потпишаа премиерите на Бугарија и на Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев.

„НАТО го поздравува духот на соработка што го направи можно потпишување на Договорот. Тој договор е важен настан во создавањето на позитивни односи во регионот со поглед кон иднината. Неговата примена ќе придонесе за безбедноста на Балканот, која е во интерес на сите“, изјави Готемелер.

XS
SM
MD
LG