Достапни линкови

Заев и Борисов го потпишаа договорот за добрососедство


Премиерот на Бугарија Бојко Борисов, заедно со премиерот Зоран Заев при пристигнувањето во Владата на РМ.

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска во Владата во Скопје го потпишаа договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Борисов ја предводи бугарска делегација, која два дена престојува во официјална посета на Македонија. Тој претходно оствари те-а-тет средба со Заев и беше пречекан со сите државни и воени почести. Договорот, според најавите, треба да е потпишан и на македонски и на бугарски јазик.

Во текот на денот македонските министри и нивните бугарски колеги ќе имаат билатерални средби. Предвидено е предвидено и потпишување на неколку меморандуми за соработка.

XS
SM
MD
LG