Достапни линкови

Иселеници со поддршка за Договорот со Бугарија


Премиерите на Бугарија и на Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев

Форумот за Демократска Македонија (ФДМ), глобална организација на демократски ориентираните иселеници од Македонија, денеска излезе со соопштение за поддшка на определбата на владата на Република Македонија за унапредување на односите со соседните земји и продлабочување на взаемната и регионална соработка во економската, политичката и општествената сфера.

ФДМ смета дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е позитивен исчекор во таа насока и дека претставува вистинска можност за отворен дијалог и решавање на долгогодишни спорни прашања.

ФДМ во Договорот гледа конкретен обид за стабилизирање на односите со Бугарија и во регионот воопшто, и поголемо приближување кон европските вредности.

ФДМ ја поздравува иницијативата на Македонија и Бугарија и го поддржува билатералното потпишување на Договорот.

XS
SM
MD
LG