Достапни линкови

Заев: Воените вежби го отвораат патот кон НАТО


Премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев на армискиот полигон Криволак, во рамките на денот за високите гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“ изјави дека македонските војници го отвораат патот кон полноправно членство на земјата во НАТО. Тој изрази и задоволство што вежбата се случува пред посетата на потпретседателот на САД Мајк Пенс на регионот.

Заев порача дека со Пенс ќе разговара за идните планови и ќе побара поддршка од САД како и од другите земји членки на НАТО за Македонија да добие полноправно членство во Алијансата. Според него, вежбите испраќаат многу вредна порака, а тоа е порака на соработка во обезбедувањето на севкупниот мир во светот и слободата за сите граѓани во светот.

Амбасадорот на САД Џес Бејли изјави дека вежбата го покажува военото партнерство во акција и таквиот вид активности можат да помогнат да се унапредат македонските аспирации за придружување кон НАТО

XS
SM
MD
LG