Достапни линкови

Обвинителство - Обвинетите во „Диво Насеље“ се виновни за тероризам


Архивска фотографија- Едно од рочиштата за случајот „Диво Насеље“.

Сите обвинети во случајот „Диво Насеље“ се виновни за тероризам, заклучи Јавното Обвинителство, кое денеска ги имаше завршните зборови за случајот. Според обвинителот, обвинетите имале за цел да го заплашат народот. Oбвинетите, пак, не сакаа да ги слушнат завршните зборови на обвинителот. Според нивната одбрана тие не сториле дело тероризам.

Еден од обвинетите, Бајрам Елшани, рече дека тој ќе ја открие целата вистина за случајот во неговиот завршен збор.

На вкупно 37 обвинети им се суди за „тероризам“ и „терористичка организација“.

Во „Диво Насеље“ во Куманово во мај пред две години загинаа осум полицајци, а повеќе од 30 беа повредени, убиени беа и 10 припадници на вооружената групата.

XS
SM
MD
LG