Достапни линкови

За Спасовски судството е одговорно за бегството на Грујевски и Бошковски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека одговорноста за бегството на обвинетите во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, Горан Грујевски и Никола Бошковски, е на судството. Според него, судството треба да понесе одговорност за оние коишто овозможуваат криминалците да се шетаат на слобода и да одредуваат мерки што не можат да се ефектуираат во одреден временски период со што се остава простор за некакво поинакво делување. Тој порачува дека нивното бегство не е неуспех на македонската полиција, туку тоа покажува колку е труло македонското судство.

XS
SM
MD
LG