Достапни линкови

Жбогар: Македонија и Бугарија пример како се решаваат проблемите


Евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар изјави денеска дека договорот за добрососедство со Бугарија е пример како две држави можат сами да решат проблем кој постоел многу години и да отворат пат за соработка во иднина. Според него, договорот ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот.

Во врска со владиниот План „3-6-9“ тој посочи дека тоа е само почетен чекор до новата реалност во државата. Жбогар порача дека луѓето мора да видат промени во судството и дека законот важи подеднакво за сите. Тој посочува дека во ЕУ и земјите членки постои оптимизам за перспективите на земјата во однос на евроинтеграциите.

XS
SM
MD
LG