Достапни линкови

Заев и Борисов на Илинден во Свети Спас во Скопје


Архивска фотографија-премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов

Настаните по повод одбележувањето на 114 годишнината од Илинденското востание и 73 годишнината од првото заседание на АСНОМ ќе почнат на 2 август во 8 часот, во црквата Свети Спас во Скопје каде што пред присутните гости ќе се обрати премиерот Зоран Заев, информираат од Владата.

Од таму наведуваат дека програмата потоа продолжува со заедничко чествување и со полагање венци со свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во дворот на црквата, од премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Претседателот Ѓорге Иванов, информираат од владата, ќе положи венци пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев во Скопје, а ќе се обрати пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто.

Во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце ќе говори заменикот претседател на владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

Централното одбележување на Денот на Републиката 2 август и државните почести по повод годишнината од Илинденското востание, ќе се одржат на Мечкин Камен во Крушево, а таму, како што наведуваат од владата, ќе се обрати претседателот на собранието Талат Џафери.


XS
SM
MD
LG