Достапни линкови

Врховен суд: Притвор за Грујевски и Бошковски


Седница на Врховен суд.

Врховниот суд денеска ја потврди одулката на Апелациониот суд за притвор на екс функционерите во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се обвинети во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО. Врховниот суд само ја прифати жалбата на Тони Јакимовски, кој исто така е поранешен функционер во УБК и наместо притвор нему ќе му бидат одземени двата пасоши.

Од Специјалното обвинителство очекуваа судот да ја потврди одлуката за притвор за за обвинетите додека почне судската постапка, за да се спречи влијание врз сведоци или можно бегство. Грујевски, Јакимовски и Бошковски се товарат за прислушување и уништување на докази за прислушувањето.

XS
SM
MD
LG