Достапни линкови

ЕУ со постапка против Полска за законот за судството


Протестите во Варшава против реформите во судството пред три дена.

ЕУ соопшти дека ќе преземе правни мерки против Полска во врска со контроверзните судски реформи, кои критичарите сметаат дека на владејачката партија ќе и овзоможат влијание врз судовите во земјата. Според соопштението, мерките се однесуваат на законот на кој полскиот претседател Анджеј Дуда не стави вето и со кој минситерот за правда, кој е и државен обвинител ќе ги назначува судиите во пониските судови.

ЕУ наведува дека постапката против Полска ќе биде за прекршување на законите во Унијата. Дуда под притисок од јавноста и масовните протести стави вето на другите два закони кои се однесуваа на реформи во судството.

XS
SM
MD
LG