Достапни линкови

Дачиќ - Како Македонија кон нас, така и ние кон нив


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Србија не може да одлучува по барањето на македонските власти за одбележувањето на Илинден во манастриот Прохор Пчински, вели српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Македонските власти побараа на македонска државна делегација да и се дозволи годишнината од Илинден да го одбележи во манастирот Прохор Пчињски, на територијата на Србија,

Одговарајќи на прашање за односите со Македонија и дали некои негови изјави влијаеле на влошувањето на овие односи, Дачиќ потсети на неговата изјава оти Србија ја признала Македонија под уставното име, а Македонија подоцна го призна Косово и гласаше за прием на Косово во УНЕСКО.

„Како ги нарушив односите со тоа што го кажав? Јас со нив се разјаснив. Како тие кон нас, така и ние кон нив и точка. И не само со нив, туку и со сите други“, рече Дачиќ.

XS
SM
MD
LG