Достапни линкови

Грција излегува од должничката криза


Грција го направи првиот свој обид да се врати на пазарот на обврзници по три години. Тоа, според експертите, било уште еден знак дека се намалува должничката криза на таа земја.

Грција ги повика држителите на нејзините неисплатени обврзници чиј рок на исплата е во 2019 година да ги понудат за готови пари.

Економскиот аналитичар Ник Кафкас во врска со ваквиот потег на грчката влада вели:

„Верувам дека тоа е добар чекор, но тоа е само еден чекор. Верувам дека она што повеќе треба да го разгледуваме е рамката. Секако дека е во вистинска насока. Иднината, всушност блиската иднина, ќе покаже дали тоа на крајот беше добар потег или не“, вели тој.

Тој, пак, за најавата на Атина дека планира да понуди нова петгодишна обврзница додава:

„Времето би можело да биде малку ризично во оваа фаза, но во секој случај целиот потфат ќе се проценува според резултатот. Се надеваме дека тоа е дел од општата рамковна стратегија за враќање на пазарите“, вели Кафкас.

Грција последен пат се впушти во меѓународниот пазар на обврзници во 2014 година.

Тоа беше една година пред тогаш новоизбраниот премиер Алексис Ципрас да потпише нова финансиска помош, инаку трета за Грција од 2010 година.

Помошта беше договорена по неколкумесечни напнати преговори со Европската унија и со Меѓународниот монетарен фонд.

Во минатиот месец Грција склучи пресудна контрола врз финансиската помош.

Во истовреме, нејзините кредитори понудија детали за мерките што ќе се спроведат кога нивната тековна финансиска помош ќе заврши во 2018 година со цел да се намали големиот долг кој изнесува 180 отсто од економскиот производ.

Ваквиот развој го отвори патот за грчкиот пазар за кој владата на Ципрас вели дека треба да се смета за своевиден тест и за дел од севкупната стратегија за да се осигура дека земјата може целосно да се врати на пазарите следната година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG