Достапни линкови

Грците лути за новите мерки договорени со кредиторите


Грција - графит за економската криза во Атина

Грците се гневни и разочарани од договорот за нов пакет мерки меѓу грчката влада и меѓународните кредитори. Според договорот, постигнат на состанокот на еврогрупата во понеделникот, Грција ќе треба да усвои нови мерки и реформи, услов кој е неопходен за ММФ да продолжи да учестува во финансиската помош за државата.

Грците се гневни и разочарани од договорот за нов пакет мерки меѓу грчката влада и меѓународните кредитори. Според договорот постигнат на состанокот на еврогрупата во понеделникот, Грција ќе треба да усвои нови мерки и реформи, услов кој е неопходен за ММФ да продолжи да учестува во финансиската помош за државата.

Мерките се уште не се прецизирани, а според првичните најави за реформи во пензискиот систем, даноците и пазарот на труд. Грчката влада инсистира дека новите реформи нема да бидат во суштина строги мерки за штедење и ќе бидат фискално неутрални. Владиниот потпарол Димитрис Ѕанакопулос посочи дека со нив за секое едно евро оптоварување ќе има соодветно едно евро олеснување за да не се дозволи нов финансиски притисок врз граѓаните.

Меѓутоа граѓаните не веруваат во ветувањата на владата.

Грците лути на владата за новите мерки договорени со кредиторите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

„Веќе се навикнавме, ова е исто како и претходно. Го очекувавме ова. Владата направи отстапка за кредиторите, а новите мерки ги спакуваа фино како подарок, велејќи дека за секое евро за штедење ќе одговорат соодветно со олеснувања за народот“, вели државниот службеник Филипос Фармакис.

Пензионерот Дионисис од Атина е лут поради скратената пензија.

„Кој ќе ми ја врати пензијата и бенефициите? Кој ќе ми ги врати? Какви договори, мене ме интересира кој ќе ми ја врати мојата пензија која ми ја скратија, а јас работев 50 години по бродови“, вели тој.

Граѓаните коментираат дека не го делат оптимизмот на владата за брз економски развој на државата и враќање во нормала. Последните анкети на јавното мислење на грчките медиуми покажуваат дека над 80 отсто од Грците се незадоволни од работата на владата на СИРИЗА и Независни Грци и сметаат дека државата се движи во погрешен правец.

Грците веќе седум години се борат со последиците од финансиската криза и кај народот постојано расте разочарувањето од континуираното кратење на платите и пензиите и прифаќањето нови мерки за штедење. За многумина во Грци месечната плата веќе одамна не е доволна да ги покрие најосновните трошоци за струја и храна, дел од граѓаните веќе и не се греат поради скапата нафта.

„Владата никаде ја нема. Јас сум бизнисмен и еве дојдете да видите со другите трговци тука од околината седиме и сите плачеме. Немам што друго да кажам, владата е смешна“, коментира еден трговец во центарот на Атина.

„Оптимизмот на владата не нуди нешто конкретно за да бидам и јас оптимист“, забележува Анастасија од Атина.

Владата на Алексис Ципрас на состанокот на Еврогрупата успеа да избегне нови проблеми и доби дополнително време за преговори со кредиторите со цел да се надминат разликите околу актуелниот пакет мерки за штедење, за да може да се заврши втората фаза од проценката на имплементираните реформи од грчка страна. Завршувањето на проценката и постигнување договор со кредиторите е неопходно за Грција да ја добие новата рата од кредитот за да може да ги исполни своите финансиски обврски.

Подготви Миркица Поповиќ

XS
SM
MD
LG