Достапни линкови

Димитров денеска во посета на Албанија


Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, на покана на неговиот колега Дитмир Бушати денеска ќе престојува во работна посета на Република Албанија. Во рамки на посетата, покрај со домаќинот, предвидено е Димитров да оствари средби и со претседателот на владата на Албанија, Еди Рама и со шефот на државата Илир Мета.

XS
SM
MD
LG