Достапни линкови

Дојранци против рудници во нивната општина


Рибарска куќичка во Дојран

Референдумот против изградба на рудници на територијата на Општина Дојран, кој се одржа денеска, е успешен. Според општинската изборна комисија, на гласање излегле 51,22 отсто или 1.407 од 2.747 регистрирани гласачи, пренесува mkd.mk.

Против продолжување на изградбата на рудникот Казандол гласале 1.336 жители (94,95%), а само 51 гласач биле за рудникот (3,62%).

Против отворање на нови рудници на територијата општината (второто прашање од референдумот) биле 1.340 гласачи.

Референдумот беше распишан на барање на граѓаните. На територијата на општината дадена е концесија за експлоатација за потенцијалното отворање на рудник Башибоз на планината Беласица.

Досега успешни референдуми против отворање рудници се одржаа во Гевгелија и во Богданци, а за 20 август е закажан и референдум во Валандово, на чија територија веќе се гради рудникот Казандол.

Во најава се референдуми и во општините Босилово и Ново Село.

XS
SM
MD
LG