Достапни линкови

Могерини и грчките власти зборувале и за прашањето за името


Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

Турција, Кипар и прашањето за името на Македонија, биле клучните прашања за кои вчера во Атина разговарала високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини со грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас.

По средбата со Коѕиас, Могерини ја истакна важноста на Балканот и нагласи дека регионот ќе биде приоритет за Унијата. Таа изрази уверување дека во наредните месеци ќе има повеќе можности да се направи напредок во разговорите меѓу Атина и Скопје за спорот околу името, и меѓу Приштина и Белград за тешкотиите кои ги имаат двете земји меѓу себе.

Коѕиас рече дека Грција во целост ги поддржува напорите на ЕУ за влез на Западен Балкан во европското семејство. Тој повтори дека Атина ја поддржува целта на Скопје за влез во Унијата откако ќе биде решено прашањето за името. Коѕиас додаде дека „се надева оти решавање на прашањето за името сега ќе биде полесно отколку во минатото, со оглед на промената на власта во Македонија“.

XS
SM
MD
LG