Достапни линкови

Собранието ќе ги распише локалните избори на 6 август


Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека локалните избори ќе бидат распишани на 6 август. Тој во интервју за МИА, вели дека тој датум е краен рок да се распишат изборите и со тоа да почнат да течат подготовките за локалните избори, кои треба да се одржат во октомври. Потоа пратениците треба да заминат на одмор. Во периодот по одморите, од 25 септември кога треба да почне кампањата за локалните избори, Собранието, вели Џафери, треба да донесе триесеттина закони.

Претседателот на Собранието вели дека додека трае дебатата за ребалансот на Буџетот, се прават сите подготовки да се свика продолжение на барем уште три веќе започнати седници, меѓу кои и седницата на која се расправа за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски.

Џафери е задоволен од она што досега е сработено во Собранието, имајќи ја предвид, како што вели, неговата определба за отворен и транспарентен Парламент. Тој вели дека гледано од оваа временска инстанца неговиот избор не можел да се изведе на друг начин, но дека случувањата во Собранието пред неговиот избор, тој ги остава зад себе и нема да троши енергија на тоа. Вели дека за случувањата на 27 април, надлежни се други институции, а тој како парламентарен спикер е насочен на обврските на Собранието.

XS
SM
MD
LG