Достапни линкови

Обжалени решенијата за притвор на Грујевски, Јакимовски и Бошковски


Архивска фотографија - Обвинетиот Горан Грујевски пред Основен суд Скопје 1.

Жалбите на решенијата донесени од Апелацискиот суд Скопје со кои е определена мерка притвор за тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, се примени во Врховниот суд.

Од Судот за МИА информираат дека жалбите се испратени на одговор до Специјалнот јавно обвинителство и оти по комплетирањето на предметите петчлениот совет на Врховниот суд ќе одлучува по нив.

Апелацискиот суд Скопје на 17 јули ја уважи жалбата на СЈО, и ги преиначи првостепените решенија на Кривичниот суд, и заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка им определи мерка притвор на Грујевски, Јакимовски и Бошковски.


XS
SM
MD
LG