Достапни линкови

Јанакиески и Јанкулоска тврдат дека се невини


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Апелациониот суд во Скопје.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска пред Апелационион суд изјави дека редовно бил достапен за СЈО и не планирал да избега од Македонија. Според него, СЈО ја опструирало и работата на одбраната и посочи дека е невин. Јакимовски се жали на одземањето на неговиот пасош, а СЈО за неопределување на мерка притвор. Според СЈО, постои опасност Јакимовски да влијае на сведоци.

Во судот денеска се разгледуваат жалбите за случајот „Титаник“. Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која исто така е обвинета во случајот побара од судот да ѝ се врати пасошот и изјави дека е невина за делото за кое се товари. Поранешниот генерален секретар на владата, Мартин Протуѓер не се појави во судот.

XS
SM
MD
LG