Достапни линкови

Милошоски - Договорот меѓу Македонија и Бугарија да биде разгледан на јавна седница


Архива - Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Голем број пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“, согласно членот 67, став 2 од Деловникот, ќе поднесат барање за свикување итна седница на Собранието за разгледување на договорот меѓу Македонија и Бугарија на отворена, а не на тајна седница, изјави денеска Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Тој нагласи дека Собранието и Владата треба да отворат јавна дискусија за македонско-бугарскиот договор за добрососедство за да може јавноста да знае што ќе биде потпишано и колкава ќе биде користа од текстот за Бугарија и колкава може да биде штетата за Македонија.

Милошоски истакна дека пратениците на коалициајата „За подобра Македонија“ увиделе пет суштински слабости кои го правеле договорот штетен за интересите на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Собранието да одржи итна и отворена седница за договорот, да се придружат и да го поддржат и пратениците на владејачкото мнозинство, а премиерот Заев да го декласифицира текстот, вели Милошоски.

XS
SM
MD
LG