Достапни линкови

Стејт департментот го објави годишниот извештај за тероризмот


Илустрација-лого на Стејт департментот

Иран продолжи да биде „држава спонзор на тероризмот“ и во 2016 година со групите кои ги поддржува и нивната способност да ги загрозат САД и нивните сојузници, се наведува во извештајот за глобалниот тероризам на Стејт Департментот објавен денеска. Во него се забележува и дека групата Исламска држава, која е обвинета за многу напади, забрзано ја губи поддршката во Ирак и Сирија, но се предупредува дека при своето враќање дома борците може да претставуваат ризик за земјите од Централна Азија и Балканот. Извештајот за тероризмот се објавува еднаш годишно од 2004 година и со него Стејт Департментот му овозможува на Конгресот редовни информации за тероризмот низ светот.




XS
SM
MD
LG