Достапни линкови

Во Црна Гора судење на осомничените за обид за државен удар


Милан Кнежевиќ, лидер на проруската опозициска партија Демократски фронт, осоничен за обид за државен удар во Црна Гора, Подгорица февруари 2017.

Четиринаесетмина осомничени, вјклучувајќи и двајца проруски опозициски лидери во Црна Гора се очекува да се појават на денешното судење поради нивната улога во обидот за државен удар за време на изборите во минатата година. Меѓу осомничените се и деветмина српски државјани, како и двајца руси. Според црногорските власти, тие биле организирани да го заземат парламентот за време на парламентарните избори, да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ и да инсталираат проруско раководство со цел да го спречат влегувањето на Црна Гора во НАТО. Подгорица исто така смета дека во целиот заговор биле вклучени и руски државни тела, но Москва ги отфрла ваквите наводи.

XS
SM
MD
LG