Достапни линкови

Коѕиас: Се договоривме да бараме начини за да се најде решение


“Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје. Тој ме информира за климата таму,” изјавил грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со медијаторот Метју Нимиц во Брисел.

Тој, како што објави грчкото министерство за надворешни работи, а пренесува МИА, го информирал медијаторот за ставот на Атина по средбите кои грчките власти ги имале „со новата Влада на северниот сосед“.

“Се договоривме да останеме во контакт и да бараме начини со кои можеме да отвориме процес за да се најде решение”, рекол Коѕиас.

На новинарско прашање дали Грција има индикации за добра волја од страна на Владата во Скопје, шефот на грчката дипломатија одоговорил дека има комуникација, но суштината треба да се покаже.

XS
SM
MD
LG