Достапни линкови

Полицијата најави крај на дивите трки на скопските улици


Скопје- Булеварот 8 Септември во Скопје.

Полицијата најави крај на дивите трки на скопските улици и зголемување на безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР. Оттаму истакнуваат дека на подрачјето на Скопје се позабележителна била појавата на возачи на моторцикли кои со нивното брзо возење прават голема бучава на градските сообраќајници и го нарушуваат јавниот ред и мир и спокојството на граѓаните.

Од полицијата посочија дека исто така во Скопје се случуваат диви трки чии несовесни возачи ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот и нивната лична безбедност, а оти за тоа имало рекции на јавноста и поплаки на граѓани за нарушен јавен ред и мир.

„Полицијата е решителна да стави стоп на овој вид на појави и од тоа отстапување нема. Ќе бидеме присутни и во наредните денови континуирано со преземање на интензивни мерки со цел воспоставување на безбедноста во сообраќајот“, изјави Билјана Милевска начaлник на Одделението за превенција при СВР Скопје.

Од полицијата информираат дека во изминатите два дена изречени се мерки кон возачи на моторцикли заради пречекорување на брзина, немање возачка дозвола и кацига, возачи на моторцикли во алкохолизирана состојба, нерегистрирани моторцикли, непочитување на знаци, соопштува МВР, најавувајќи секојдневно присуство на полицијата на улиците во Скопје.

XS
SM
MD
LG