Достапни линкови

Собранието ја донесе завршната сметка на Буџетот за 2016 година


Архива - Седница на Собранието.

Со 92 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието попладнево на осмата седница ја донесе завршната сметка на Буџетот за 2016 година.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението наведе дека вкупните приходи на Буџетот се реализирани во износ од 169,3 милијарди денари, а расходите во износ од 185,4 милијарди денари, поради што буџетскиот дефицит изнесува 16,1 милијарда денари, односно 2,7 проценти од БДП.

Треба да учиме од грешките од минатото и да не дозволиме тие да се повторат, рече Тевдовски, кој вети дека на крајот на мандатот Македонија ќе има завршна сметка како Данска.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во расправата посочија дека во времето на владата предводена од нивната партија се трошело домаќински, се зголемиле платите, пензиите и социјалната помош, а редовно биле исплатувани и субвенциите, додека пратениците од СДСМ, забележаа дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за приватниот сектор и за подобар и подостоинствен живот на граѓаните.

На денешната пленарна седница беше донесена одлука за разрешување на генералниот секретар на Собранието на РМ, Жарко Денковски, додека за нов генерален секретар на Собранието е назначена Цветанка Иванова, које е поранешен пратеник од СДСМ.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери ја прекна осмата седницата, а продолжението, како што рече дополнително ќе биде закажан

XS
SM
MD
LG