Достапни линкови

Јавна дискусија за медиумските реформи


Илустрација

Mинистерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски денеска на јавната дискусија за реформите во медиумите, рече дека во кабинетот на премиерот и на генералниот секретаријат на владата се прави сектор за информации и односи со јавност во кој би требало да бидат вработени околу четириесет луѓе поделени во шест одделенија. Тие, како што рече Поповски, би требало да овозможат начин на комуникација по принципот на најсовремените форми на комуникација во европските практики.

Претставници на медиумски здруженија и асоцијации и засегнати институции на дебатата организирана од Министерството за информатичко општество и администрација, упатија забелешки за начинот како да се обезбеди независност на МРТВ, за состојбата во која работат новинарите и побараа да го видат предлог-законот за медиуми па да дадат свои забелешки.

Министрот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски потенцираше дека една од целите е јавниот радиодифузен сервис да биде целосно непристрасен и независен медиум, а регулаторните тела, да бидат, пред се, транспарентни и компетентни.

Тој додаде дека владата има намера да ги прекине сите финансиски текови од страна на буџетот кон комерцијалните медиуми за да се обезбеди целосна комерцијализација на медиумскиот пазар во Македонија. Побара еснафските здруженија да ги соопштат своите предлози во контекст на намалување на задолжителните програмски обврски што ги имаат медиумите.


XS
SM
MD
LG