Достапни линкови

Изречени казните за убиството на Немцов


Анзор Губашев и Заур Дадајев на изрекувањето на казните во рускиот суд.

Рускиот суд ги изрече казните за осудените за убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов. Заур Дадајев, кој го застрелал Немцов е осуден на 20 години казна затвор. Обвинителството за него бараше доживотна казна затвор. Останатите осудени добија пониски казни. Анзор Губашев е осуден на 19 години, неговиот брат Шагит Губашев 16 години, а Камзат Бакајев и Тамерлаин Ешкерканов по 11 и 14 години затворска казна.

Нeмцов, кој беше гласен критичар на рускиот претседател Владимир Путин и на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е близок до Кремљ, беше убиен на мост во Москва на 28 февруари 2015 година.

XS
SM
MD
LG