Достапни линкови

Балкански самит во Трст, затворање на регионот во европска рамка


Шест земји од Западен Балкан и седум членки на Европската унија на денешниот годишен самит во Трст ќе расправаат за зајакнување на врските на Унијата со регионот. На самитот ќе му претходи средба на францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Паоло Џентилони. Потоа европските претставници ќе се сретнат со лидерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. „Уверени сме дека Западен Балкан може да помогне во создавањето на побезбедна Европа“, изјави шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано. Годинава Британија им се приклучи на шестте членки на ЕУ кои вообичаено ги одржуваат овие самити, Франција, Германија, Италија, Австрија, Хрватска и Словенија. Британија и покрај Брегзитот во идната година ќе биде домаќин на ваквиот собир.

XS
SM
MD
LG