Достапни линкови

Владата на Македонија ги разреши управните одбори во јавните фирми


Седница на Владата на Република Македонија

Владата на Македонија вчера ги разреши сите управни и надѕорни одбори на јавните претпријатија, здравствените и другите државни установи и агенции. Како што е соопштено, тоа било направено за да се спречат натамошните штети по буџетот поради неодговорниот однос на одделни членови на овие одбори. Имено, како што се наведува, постоеле информации дека тие потпишувале штетни менаџерски договори и именувале луѓе на менаџерски позиции со астрономски плати.

XS
SM
MD
LG