Достапни линкови

НАТО одржа воени вежби во Бугарија


Бугарскиот премиер Бојко Борисов на воените вежби на НАТО во Бугарија. 11.07.2017

НАТО денеска одржа воени вежби во Бугарија во кои учествуваат 25 илјади војници од повеќе од 20 земји членки на Алијансата и нејзини партнерски држави, што се главни воени вежби на Алијансата во Источна Европа. Вежбите под име „Чувар на сабјата“ се предводени од американската армија и ќе траат до 20 јули, а ќе се одржуваат и во Унгарија и Романија, како и во воздухопловните бази во Црното Море.

Во рамки на целата операција ќе се одржат вкупно 18 воени вежби, а целта е зголемување на интероперативноста на земјите учеснички, како и демонстрација на одлучноста и подготвеноста на НАТО да ја зачува безбедноста и стабилноста во регионот на Црното Море. На годинешните вежби учестрвува и единица на Армијата на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG