Достапни линкови

Сириска организација тврди дека лидерот на ИД е мртов


Лидерот на милитантната група Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека добила потврдени информации од извори во милитантната група Исламска држава дека нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдади е мртов. Според соопштението, Багдади умрел во покраината Деир ал Зор во источна Сирија, без да се наведе причината за неговата смрт. Пред еден месец руското министерство за одбрана соопшти дека Багдади најверојатно бил убиен во воздушен напад врз градот Рака.

XS
SM
MD
LG