Достапни линкови

Пенс: Поддршка на САД за евро-атлантските аспирации на Македонија


потпретседателот на САД Мајк Пенс

Македонскиот премиер Зоран Заев телефонски разговарал со потпретседателот на САД Мајк Пенс. Во соопштението на Белата куќа што го објави и Пенс на својот Твитер профил, се вели дека американскиот потпретседател му го честитал на Заев изборот за премиер и ја повторил поддршката на САД за реформите и евро-атлантските аспирации на Македонија. „Во името на претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Пенс му честита на Заев за преземањето на премиерската должност на 31 мај. Потпретседателот ја подвлече континуираната поддршка на САД на евро-атлантските аспирации на Македонија и го охрабри Заев да им даде приоритет на реформите кои ќе овозможат напредок на Македонија на тој пат. Пенс нагласи и дека со нетрпение ја очекува средбата со Заев и лидерите од регионот на Западен Балкан на Самитот на Јадранската повелба што ќе се одржи на 2 август во Подгорица, Црна Гора“, се наведува во соопштението од Белата куќа.

XS
SM
MD
LG