Достапни линкови

Трамп го започнува патување во Европа со посетата на Варшава


Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп ќе пристигне во Полска кон крајот денот, а утре ќе отпатува на самитот на Групата 20 во Германија..Трамп во Варшава ќе одржи голем јавен говор на плоштадот Красински. Сепак, полските лидери - како и многу други низ цела Европа - ќе бидат загрижени по изјавите на претседателот на САД посветеноста кон НАТО на членот 5 на Алијансата, одредбата со која се наведува дека нападот врз една земја на НАТО е напад врз сите. Блискоста на Полска кон Русија ги зголеми стравувањата од намерите на Москва во регионот, особено по нелегалната анексија на украинскиот Кримски регион, поддршката на сепаратистите во источна Украина и наводното мешање во изборниот процес на САД. Во Варшава, Трамп ќе одржи состаноци и со лидерите на земјите од Централна и Источна Европа за време на самитот кој треба да ја засили соработката во енергиката меѓу земјите што граничат со Јадранското Море, Балтичкото Море и Црното Море. Трамп потоа ќе отпатува за Хамбург, Германија, на самитот на лидерите на 20-те највисоки економии и ќе го оддржи својот прв состанок со рускиот претседател Владимир Путин на 7 ми јули.

XS
SM
MD
LG