Достапни линкови

Предметот за „Сопот“ предаден на СЈО


Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти денеска дека го предале предметот „Сопот“ на СЈО. Од обвинителството нагласуваат дека иако кривично правниот настан се случил во 2003 година и не е поврзан и не произлегува од содржината на неовластеното следење на комуникациите, по добиеното известување од Советот на јавните обвинители дека ќе треба самостојно да донесат одлука тие заклучиле оти предметот треба да биде предаден на СЈО, кое ќе се произнесе дали врз него ќе воспостави надлежност.

Од СЈО претходно соопштија дека иако „Сопот“ не е даден во нивна надлежност тие утврдиле дека едео од сведочењата врз кое се заснова целиот случај, било изнудено со сила, при што се извршило кривично дело тортура.

Станува збор за предмет во кој беа осудени 12 жители од кумановското село Сопот за кривично дело тероризам. Осудените тогаш се товареа дека на 4 март 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот. При експлозијата загинаа припадниците на полскиот контингент на НАТО, Павел Легински и Фјодор Никуловски и цивилот Крунислав Кипријановски, а тешко беа повредени преведувачката Поликсена Филиповска и Милевка Кипријановска.

XS
SM
MD
LG