Достапни линкови

Димитров-Македонија мора да биде иницијативна и агилна


Министерот за надборешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на собраниската комисија за надворешна политика рече дека отвора ново поглавје во однос на надворешната политика на земјата и повика на соработка и консензус со опозицијата. Нагласи дека во остварувањето на стратешките цели - членството во НАТО и ЕУ и градењето на добрососедските односи покрај актуелниот меѓународен контекст Македонија мора да биде многу иницијативна и агилна за да создаде поддршка и да решава проблеми кои се долго време присутни.На средбите во Атина со грчките политичари тој рече дека не разговарале за името и за предлози.

„Aпелирав Атина да размисли каков сосед сака да има и да инвестира во нашите билатерални односи дозволувајќи влегување на Македонија во НАТО под привремената референца. Таму немаше спремност за таква работа, но и ние нема да дигнеме раце од натамошно убедување“, рече Димитров.

Пратениците од опозицијата апелираа на внимателност во надворешната политика и ја посочија важноста од консултации во Собранието. Нагласија дека ќе бидат коректив на власта и оти се подготвени за соработка, но оти нема да дозволат да бидат покритие за евентуалните грешки на власта за кои укажуваат. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на дипломатијата Никола Попоски истакна дека не држела тезата на Димитров со која замина во Атина дека по изборот на новата Влада, Грција ќе ја промени својата проценка и ќе дозволи влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ под привремената референца, со оглед, вели, на одговорот што го добил од грчките власти.

Во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, министерот рече дека за него се преговара веќе пет години, а новата Влада која го презеде пред еден месец, има голема политичка волја и желба,откако ќе биде усогласен текстот, тој да биде потпишан на почетокот на август, годинава.

XS
SM
MD
LG