Достапни линкови

Нема притвор за екс шефот на УБК, Мијалков


Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалко

Нема притвор за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и за екс началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски, одлучи Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1, разгледувајќи ги барањата на СЈО. Ова Обвинителство за споените случаи Таргет и Тврдина, кои се однесуваат на незаконското прислушување, побара мерки притвор и мерки за претпазливост за неколку луѓе, меѓу кои Мијалков и Грујовски. Судот одлучи да им ги земе пасошите и обвинетите еднаш недело да се јавуваат во суд. Против овие решенија обвинетите имаат право да се жалат до Апелациониот суд.

Од Основниот суд соопштуваат дека во текот на утрешниот ден ќе известат за одлуките за случајот Титаник во кој се обвинети врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Судот вчера соопшти дека нема притвор за поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, за екс вицепремиерот Владимир Пешевски и за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Судот одлучил да им бидат одземени пасошите и да имаат обврска да се јавуваат во суд еднаш неделно.

XS
SM
MD
LG