Достапни линкови

Турција забрани марш на ЛГБТИ од безбедносни причини


Илустративна фотографија.

Канцеларијата на истанбулскиот гувернер го забрани машот за права на ЛГБТИ заедницата, наведувајќи безбедносни причини. Оттаму денеска наведоа дека парадата на ЛГБТИ ќе биде забранета поради „безбедноста на учесниците и туристите и јавниот ред.“ Турските ЛГБТИ активисти на социјалните мрежи објавија дека дека ќе организираат марш со почеток на 25 јуни на плоштадот Таксим. Канцеларијата на гувернерот исто така соопшти дека разни групи покренале „сериозни реакции“ против маршот.

XS
SM
MD
LG