Достапни линкови

СДСМ: Проблемот со струшката депонија се решава


Депонијата во Струга, која се наоѓа на само стотина метри од влезот на градот

СДСМ излезе со соопшштение во кое се вели дека проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета рапсоложлива механизација. Како што се наведува во соопштението пожарот на депонијата веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. СДСМ реагира дека лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да бара решение за проблемот дури откако Владата предводена од СДСМ формираше соодветна комисија

" Наместо да покажува лицемерна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи мерките и реформите кои ќе донесат здрава животна средина", се вели во реакцијата.

Инаку од синоќа е ангажирана механизација во Струшкиот регион за да се изгаси пожарот на дивата депонија која се наоѓа на само стотина метри од влезот на градот.

Механизацијата го расчистува патот за да може да се пристапи до пожарот, кој се гаси, а потоа депонијата од која се ширеше неподнослива миризба да биде затрупана.

XS
SM
MD
LG