Достапни линкови

Собраниските седници ќе бидат отворени и за граѓаните


Седница на Собранието.

Од денеска седниците на Собранието ќе бидат отворени и за граѓаните да можат да ги следат, доколку сакаат, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на денешната седница. Тој вели дека пратениците ќе им бидат достапни на граѓаните и ќе може да се среќаваат и надвор од салата на Собранието. Тој вели дека на ваков начин јавноста ќе биде вклучена во законодавниот процес, а, како што вели, тоа ќе биде и нов импулс за смирување на тензиите.

Денеска во Собранието се води дебата околу изборот на замениците министри, но пратениците од опозицијата со тропање по масите се обидоа да ја попречат работата на Парламентот, негодувајќи што точката за изборот на замниците министри била дополнително поднесена и тие немале можност да ги разгледаат биографиите.

Но Џафери вели дека ќе направи сè за да го надомести изгубеното време во Собранието.

XS
SM
MD
LG