Достапни линкови

Заев даде исказ во СЈО за случајот „Таргет“


Архива - Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев денеска беше во Специјалното јавно обвинителство, откако бил повикан во институцијата да даде изјава како оштетен сведок во предметот „Таргет.“

Во истрагата за случајот „Таргет“ која ја отвори СЈО сомничени се десет лица од УБК за незаконски прислушување на најмалку 5817 телефонски броеви, меѓу прислушуваните имало политичари, бизнисмени, новинари и други лица, објави СЈО на прес-конференција во ноември минатата година.

На новинарско прашање Заев истакна дека ќе стори се СЈО да го исполни мандатот до крај, односно да биде укинат рокот на обвинитеството за поднесување на обвиниенија.

Исто така на новинарско прашање за тоа дали постои можност нов директор на УБК да биде Зоран Верушевски, Заев рече дека ексдиректорот на оваа институција ги исполнувал сите услови, но оти најважно му е во УБК да застане експерт кој ќе биде соодветна гаранција дека во Македонија службите работат соодветно.

XS
SM
MD
LG