Достапни линкови

Фајненшл Тајмс го смени насловот на текстот по реакцијата на МНР


Министер за надворешни работи Никола Димитров

По реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија редакцијата на Фајненшел Тајмс го смени насловот на текстот од интервјуто со министерот за надворешни работи Никола Димитров, согласно неговата изјава која гласи: „Македонија ја разгледува можноста за користење на привременета референца за зачленување во НАТО“.

Фајненшл Тајмс предходно објави наводна изјава од Димитров дека „Македонија ја разгледува можноста да го смени името за да влезе во НАТО“.

Шефот на македонската дипломатија за Фајненшел Тајмс, меѓу другото, вели дека членството во НАТО би помогнало да се смират состојбите на Балканот и да се намали опасноста од крвопролевање во регионот, додал Димитров за британскиот весник, во пресрет на неговата посета на Брисел и Атина.

XS
SM
MD
LG