Достапни линкови

СЈО со нови обвиненија до крајот на јуни


Специјалното јавно обвинителство - СЈО.

Дел од медиумите објавуваат дека можно е Специјалното јавно обвинителство да поднесе 20 обвиненија до истекот на рокот до крајот на јуни.

Како што пишуваат медиумите меѓу новите обвиненија се наоѓаат речиси сите предмети за кои веќе се знае дека се во истражна постапка. Меѓу нив се случаите „Тортура“,за Љубе Бошковски, ТНТ- за рушењето на зградата на Фијат Цановски, „Трезор“ кој се однесува нанабавките на УБК и други.

До крајот на месецов треба да се знае колку од овие случаи ќе се најдат пред судот.

Инаку за да може СЈО да поднесува обвиненија и по истекот на рокот од 1 ви јули, потребни се две третини од гласовите на пратениците во Собранието, а тоа подразбира дека одлуката треба да добие поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG