Достапни линкови

Министерот Спасовски се сретна со претставници на УЕФА


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Жељко Павлица и Франк Вијнвелд, претставниците на УЕФА кои се вклучени во организацијата на претстојниот Супер куп на УЕФА, што треба да се одигра на 8 август во Скопје меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, соопшти МВР.

Министерот Спасовски на претставниците на УЕФА им соопштил дека сите расположливи капацитети на МВР ќе бидат ставени на располагање за успешна организација на овој настан. Претставниците на УЕФА го потенцирале огромното значење на МВР за организација на овој натпревар.

XS
SM
MD
LG