Достапни линкови

„Актор“: Судските власти во Скопје, предметот со автопатот го ставија во архива во 2014 година


Автопат

По последните написи во грчките и македонските медиуми за постоење кривично дело во врска со договорот за изградба на автопатот Демир Капијао Смоквице, грчката компанија " Актор" соопшти дека судските власти во Скопје по извршената ревизија во работењето на фирмата утврдиле дека нема никаков прекршок и дека предметот од 2014 година е ставен во архива.

Од „Актор“ негираат дека се переле пари при изградбата на автопатската делница и посочуваат дека немало никаква измама при одвивањето на градежните работи.

Компанијата соопшти дека тие доставиле најниска цена во висина од над 210 милиони евра на меѓународниот тендер, на кој како претставник учествувал набљудувач на Европската Комисија и претставници на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

Пред два дена во грчките медиуми беше објавена информацијата дека грчкото обвинителство ќе ја гони оваа фирма за перење пари во висина од 50 милиони евра.

XS
SM
MD
LG